Во селата под рудникот Бучим се загадени водата и воздухот

РАДОВИШ, 26.01.2018 – Една од најголемите опасности од отворањето на рудниците Казандол во Валандово и Иловица во Струмица е загадувањето на водата. Населението кое живее во близина на рудниците, ќе се соочува со истите проблеми со кои со децении се соочуваат жителите на радовишките села Бучим и Тополница.

Телевизија Телма неодамна објави дека, жителите на овие две села немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење речиси преку целата година. Тие користат вода која се носи со цистерни или во буриња од другите населени места во близина на градот Радовиш, или од самиот град.

Покрај проблемите со водата, жителите од двете села, особено од селото Бучим кое се наоѓа непосредно до рудникот, секојдневно се изложени на прашина, и вознемирувани од минирањата на рудникот.

Жителите велат дека, нема никакви реакции за нивните проблеми, иако во минатото постојано алармирале.

Според директорот на Бучим, овие проблеми постојат уште од самото отворање на Бучим, но раководството на рудникот дава се’ од себе за да ги снабди селата со вода, освен во кризните летни периоди, кога потребата за вода ги надминува капацитетите.

Ова е далеку од единствениот еколошки проблем поврзан со работата на рудникот. Пред една деценија, горлива тема беа отпадните води и јаловиштето на Бучим, но со помош на донации од Холандија, беше отпочнат третман на отпадните води и пошумување.

Сепак понатамошниот проблем со снабдување со вода на жителите од Бучим и Тополница покажува дека, еколошките проблеми предизвикани од рудникот се далеку од решени.

Откако во јавноста излегоа информации за овој проблем, активистите од здружението „Здрава Котлина“ од Струмица ги посетија жителите на Бучим и Топилница. На видеата подолу, може да се забележи дека има и други проблеми што ги создаде рудникот. Од минирањето куќите им се испукани и пред една година најмалку 20-30 деца прележаа жолтица од нечистата вода и јаловината.

Пред некој месец членови на Здрава Котлина заедно со екипата на ВИС телевизија ги посетија селата Бучим и Тополница.. Од идилични селца со детски џагор и прекрасна природа, како што сведочат овдешните жители, овие две села во последните триесетина година се имаат претворено во села на разрушени куќи и разрушени судбини, села на болести, на огромна бучава и отровна прашина.. Села каде луѓето во XXI-ви век немаат вода за пиење и квалитетот на животот им е под секакви просеци. Места во кои луѓето живеат во постојан грч и стравуваат за животите на своите деца.Слушнете го гласот на обичните луѓе, гласот на измамените и оштетените. Слушнете ја Вистината за Бучим и Тополница! Овие луѓе немаат причина да лажат, белосветските профитери имаат! #СтопЗаРудницитеНаСмртта#ВистинатаЗаБучим#ЈугоистокотПротивРудницитеНаСмртта#СтопЗаИловица#СтопЗаКазандол#СтопЗаБоровДол

Posted by Здрава Котлина on среда, 24 Јануари 2018

"Рудникот ни претставува голем проблем… Од минирањето сите куќи ни се испукани. Ни ја сопираат водата за пиење. Ми ги земаа нивите пред две години, ме излажаа дека доколку го направам тоа ќе ми го примат синот на работа. Сега земам ниви под кирија за да работам и да садам тутун. Доаѓа многу прашина. Пред една година најмалку 20-30 деца прележаа жолтица од нехигиена на водата и јаловината. Куќата се тресе кога минираат. Кога минираат прскаат камења по нивите, се плашиме да одиме да работиме на нивите. Џабе се жалиме, не не' примаат внатре.Не смееш децата да ги оставиш слободно да си играат. Пред две години едно девојче падна таму, не можеа 24 часа да ја најдат, не смееш едно дете да оставиш ќе оди ќе се утепа таму, 400 метра е длабоко…"~ Жител на с. Бучим#ВистинатаЗаБучим#СтопЗаРудницитеНаСмртта#ЈугоистокПротивРудницитеНаСмртта#СтопЗаРудничкиКомплексИловица#СтопЗаРудничкиКомплексКазандол#СтопЗаРудничкиКомплексБоровДол

Posted by Здрава Котлина on Четврток, 25 Јануари 2018

|2018-01-26T06:27:57+00:0026 јануари 2018|Актуелно, Вести, Видео / Фотографија|