Владата работи наспроти предизборните ветувања и против волјата на граѓаните, го зголемува фондот за изградба на станбени објекти

 

СКОПЈЕ, 03.08.2018 – И покрај негодувањата на жителите на град Скопје за хипер урбанизацијата и сечењето на зеленилото, владата се чини си тера по своја замисла негирајќи ги желбите и потребите на граѓаните со зголемување на фондот за иградба на станови. Денес директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП), Кристијан Трајковски го потврди тоа.

„Планираме да го зголемиме фондот на изградба на станови на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, селектираме локации за комерцијални објекти на кои ќе се работи со вклучување на приватниот сектор како партнер“, истакна Трајковски.

Две нови згради во општина Аеродром, и една на Јужен булевар во Општина Центар, на потегот кон Кисела Вода се локациите кои сега се во план на АДДССДП.

„Од двете локации во Аеродором, за едната веќе имаме одобрение, а за другата сме во постапка на добивање на одобрнието за градење. За третата планирана локација на Јужен булевар во Општина Центар на потегот кон Кисела Вода сме во фаза на препроектирање и кoга ќе биде готов проектот ќе се пристапи кон добивање одобрение за градење. Во Аеродром се две помали згради, а таа на Јужен булевар е значително поголема од над 10.000 метри квадратни. Работимe на повеќе локации во Општина Центар особено во делот на урбанистичкото планирање, но поради мораториумот што е во сила во општина Центар се’ уште немаме некоја јасна претстава како ќе се одвива целиот процес,“ вели Трајковски.

Директорот Трајковски истакнува дека планирал да направи хипер продукција на згради, а како еден од најголемите проекти е честопати забрануваниот проект со трите 60-катници наспроти „Холидеј Ин“.

„Со јавно приватно партнерство и во соработка со општините планираме да направиме хипер продукција. Еден од планираните проекти е за делот кој е урбанизиран на потегот кон касарната Илинден, кој со одлука на влада би го презеле во рамки на нашата годишна програма за изградба. Таму би имало деловен комплекс со станбени единици. Исто така и кај паркингот кај Холидеј ин со ДУП-от се предвидени три 60-катници за кои сметам  дека се идеална локација за современ бизнис центар, што му е потребен на Скопје“, наведува Трајковски.

Во минатото проектот со 60-те катниците бил забрануван од градоначалникот на град Скопје Трифун Костовски во 2007 година и од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во 2015 година.

Костовски во 2007 година дал забрана за изградба на три 50-катници поради тоа што за т.н. „Менхетен во Скопје“ проект немало никаква инфрастуктура, а Жерновски не дал „амин“ на 7 40-катници поради тоа што таквиот проекти би бил премногу да го издржи Скопје, а тоа не било во склоп со желбите на граѓаните.

Тоа што не успевало со години, директорот Трајковски сака да го реализира без да се земе во предвид аерозагадувањето, кусокот на енергетската и водната инфрастуктура и уништувањето на јавните површини. Иако е ова само најава, за да се реализира ваков проект треба да има согласност и од општина Центар каде што во моментот има мораториум за градење, така што останува да се види што ќе се случи со овој мегаломански проект.

Ваквите најави за Менхетени во Скопје и слични проекти беа спротивно од тоа што го сакаа и спротивно од тоа за што гласаа граѓаните на Скопје. Урбанистичкиот хаос, уништувањето на зелените површини и загадувањето на воздухот  беа водечки точки за решавање во изборната програма на СДСМ. Ова што се планира од страна на АДДССДП е тотално спротивно од тоа, и го погазува основното начело на „право на град за сите“ и тоа град кој им служи на потребите на граѓаните, а не на капиталистичките елити кои во соработка со владата го редуцираат јавното за да се релоцираат профитите во приватни џебови.

[/fusion_text][/fusion_builder_column][/fusion_builder_row][/fusion_builder_container]

|2018-08-03T13:17:00+00:003 август 2018|Актуелно, Вести, Економија|