Студентска еколошка акција на УКИМ

Група на студенти на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје најавија дека на 6.3.2020 година со почеток во 12 часот ќе организираат еколошка акција во рамки на кампусот на универзитетот, а најавено е дека средствата за работа се обезбедени.

Тие во настанот на социјалната мрежа Фејсбук најавија дека со овој чин остро се спротивставуваат на лошиот и нечистиот изглед на универзитетот и јасно кажаа дека ги повикуваат сите заинтересирани да се приклучат на акцијата за чистење на дворот на УКИМ. Зборното место на акцијата е платото на УКИМ пред споменикот на Кирил и Методиј.

Редакцијата на „Гласник“ ја поздравува акцијата на студентите. Во прилог ви испраќаме линк од настанот на Фејсбук за еколошката акција на младите студенти.

|2020-02-28T13:26:10+00:0028 февруари 2020|Актуелно, Вести, Екологија|