(С.Ц. Дуња) Протестите во Чиле

Денес во 20ч во Социјален центар Дуња гостува главната редакторка на радиото Rara Senal од градот Валпараизо, Чиле, која покрај тоа работи и на неколку други радиопроекти во државата (https://raraenvivo.wordpress.com/ и Señal Liberada). Таа ќе ја сподели перспективата за чилеанските протести кои се во тек веќе неколку месеци, пред се од анархистичка и феминистичка перспектива. Ќе зборува за социо-политичкиот процес кој во моментов се одвива таму, преку политички и историски преглед на почетоците на бунтот, и за тоа како процесот довел до диктаторски контрамерки но и како станал еден револуционерен процес исполнет со организирање на заедниците преку собранија со цел самоуправуање со сопствените животи.

Чилеанскиот бунт изби на 14 октомври со неколку причини: социјалната нееднаквост, приватизацијата, поскапувањето на живеачката – пред се покачувањето на цената на метро билетот како посебен повод. Серијата на протести трае до ден денес. Бунтот се манифестира на улиците и преку народна организација, и е дојден до степен од кој нема враќање назад.

|2020-01-27T09:28:23+00:0027 јануари 2020|Актуелно, Вести, Свет|