„Предаторски свештеници” обвинети за сексуално малтретирање на повеќе од 1.000 деца

Според еден извештај што беше објавен во вторникот, стотици „предаторски свештеници“ сексуално злоупотребуваа повеќе од 1.000 деца во Пенсилванија со децении, додека беа заштитени од лидерите на Римокатоличката црква,

„Главната работа не беше да им се помогне на децата, туку да се избегне скандал. Свештениците силуваа мали момчиња и девојчиња, а нивните колеги – Божјите пратеници кои беа одговорни за нив не само што не сторија ништо, тие и го сокрија сето ова“,  се вели во извештајот, според Филаделфија Инквивер.

Извештајот кој е редактиран брои 900 страници, и во него се разгледуваат обвинувањата за злоупотреба во шест од осумте епархии на државата, кои служат на повеќе од половина од своите 3,2 милиони католици. Извештајот беше кулминација на 18-месечната истрага предводена од државниот правобранител Џош Шапиро.

„Црковните функционери рутински користеле секакви техники за да ги минимизираат искуствата на жртвите или нивните семејства само за да не се објават“, рече Шапиро.

„Неколку епархиски администратори, вклучувајќи ги и бискупите, често ги одвраќаа жртвите од пријавување злоупотреба во полиција, правеле притисок врз полицијата да ја прекинат или избегнат истрагата, или пак спроведувале сопствена пристрасна истрага, за на крај да избегнат пријава на злосторства врз деца на соодветните власти“, се вели во извештајот.

„Извештајот наведува 300 предаторски свештеници, но судот прими досиеја на повеќе од 400. Ние не мислиме дека ги фативме сите предатори“, рече Шапиро, бидејќи не сите обвинувања биле документирани од страна на црквата.

Десетици црковни претпоставени биле именувани како соучесници.

Околу 1.000 деца жртви биле препознатливи од записите на црквата, но истражувачите веруваат дека вистинскиот број е многу поголем.

Многу од жртвите сведочеа пред судот и рекоа дека се чувствуваат полесно после сведочењето. Една жена се обиде да изврши самоубиство само неколку дена по нејзиното сведочење, но потоа сакаше да ја следи истрагата од нејзиниот болнички кревет.

Поради активностите на црквите за прикривање на секслуалните напади, скоро сите случаи на злоупотреба во извештајот на поротата се премногу стари за да бидат кривично гонети, објави PennLive.com. Многумина обвинети се мртви или одамна се отстранети од црквата.

„Ние не можеме да фатиме поголем дел од виновниците. Она што можеме да направиме е да им кажеме на нашите сограѓани што се случило и да се обидеме да направиме нешто во врска со тоа”,  се вели во извештајот.

Останува мистерија зошто баш католичката црква од сите организирани религии толку често има вакви пракси на сексуална злоупотреба на деца.

Извор: https://nypost.com/2018/08/14/probe-finds-1000-children-in-pennsylvania-sexually-abused-by-catholic-priests/

|2018-08-16T09:35:21+00:0016 август 2018|Актуелно, Вести, Свет|