Новиот министер за внатрешни работи на Италија повикувал на „масовно чистење“ на мигрантите од „цели делови“ на земјата

ИТАЛИЈА, 28.06.2018 – Неодамна се појавија снимки на кои новиот Италијански министер за внатрешни работи повикува на „масовно чистење“ на бегалци од „цели делови“ на државата.

Коментарите на Матео Салвини се постојано споделувани на социјалните мрежи откако тој најави „попис за заедницата на Роми во земјата, и креираше околности во кои се возможни депортации на луѓето од оваа етничка група.

Ни треба масовно чистење, улица по улица, пјаца по пјаца, маало по маало.“ г. Салвини, кој воедно е и заменик премиер на Италија, изјави во интервју минатата година. „Мора да бидеме строги, зашто постојат цели делови од напите градови, делови од Италија, кои се надвор од контрола.“

Во истото интервју, 45-годишниот министер предложи Италија да воведе слични политики за имиграција како оние кои Доналд Трамп ги води во САД.

Во текот на претходната недела, г. Салвини изјави дека на оние Роми кои поседуваат Италијанска националност „на жалост“ ќе мора да им биде дозволен престој во државата, додека другите ќе бидат избркани.

Новата анти-ромска политика е еден од првите потези на министерството за внатрешни работи на Салвини, неговата партија формираше коалициска влада во почетокот на Јуни заедно со анти-естаблишмент партијата Движењето „Пет ѕвезди“ која е скептична кон Европската Унија.

„Побарав од министерството да подготви досие за ромското прашање во Италија“ изјави министерот за ТелеЛобардиа. Тој додаде дека досието ќе вклучи и „попис на Ромите во Италија“ што ќе го информира „колку си, како се, што се“. Според него, „За жал, треба да се остават италијанските Роми во Италија.“

Државата е дом на од 100 до 180 илјади Роми.

Во средата, Салвини се сретна со Австриските популистички лидери во Рим, каде заедно се обврзаа да ја зголемат заштитата од имиграција на јужната граница на Европа.

„Ова е историски момент бидејќи Европа досега немала можност за промена каква што има денес. Мислиме дека што се однесува на прашањата на имиграција, безбедност и борбата против теротизмот, тоа ќе значи промена на подобро. Конечно, има одлучност да се заштитат нејзините граници.“ рече тој.

Потегот на Салвини против ромската заедница предизвика осуди од политичарите од опозицијата и од граѓанските активисти и групи за борба за човекови права.

„Многу лесно се преминува од попис до концентрационен камп. Салвини изгледа одлучи да ја прослави 80-годишницата на законите за раса, “ изјави Кјара Грибаудо, од лево-центристичката Демократска партија, референцирајќи на ерата на Мусолини.

Извор: www.independent.co.uk

 

|2018-06-28T14:29:14+00:0028 јуни 2018|Актуелно, Вести, Свет|