Извршители во Фени индустри, на фабриката и се заканува стечај

КАВАДАРЦИ, 19. 09. 2017 – Извршители вчера и денес ја тресат фабриката „Фени индустри“.

Веќе подолг период раководството на фабриката избегнувало да ги исплати долговите за сметки за струја и банкарски кредити, кои изминатите години се наталожиле. Од таа причина, според нашите извори, вчера во просториите на фабриката влегле извршители со што производството е стопирано.

Како што пренесува нашиот извор од фабриката за Гласник, од денес е стопирано дури и движење на утоварните машини и крезовите во кругот на фабриката.

Според овие информации, на 830 лица вработени во фабриката им се заканува невработеност, затоа што фабриката се спрема за стечај.

|2017-09-20T10:49:03+00:0019 септември 2017|Актуелно, Вести, Економија|