Ловец на нацисти: Симон Визентал – Гласни идеи: Документарна

Симон Визентал говори за судбината на македонските Евреи под бугарска окупација и за улогата на Бугарија во ликвидирањето на македонските Евреи во интервју за Македонската радио и телевизија.

Во документарниот запис станува збор за прогонувањето на нацистичките злосторници, за современиот тероризам, неонацизмот итн.

Бугарите коишто ги депортираат Евреите имаат име и презиме: Александар Белев, комесар за еврејски прашања во Бугарија и бугарските министри Богдан Филов, Петре Габровски, Борис Јоцов, Добри Божилов, Никола Михов, Никола Захариев, Христо Петров, инженер Димитар Василев и инженер Васил Радославов со документи од 22 февруари и 2 март 1943 година донеле одлука за ликвидирање на македонските Евреи, потврдува најпознатиот ловец на нацистички злосторници, Симон Визентал (1908-2005) во интервју од 1986 година со македонскиот новинар Хари Миновски (1930-2000), за Македонското радио и телевизија.

Симон Визентал го посвети целиот свој живот за да ги пронајде нацистите одговорни за злосторствата од Холокаустот, почина на 96 години, во 2005 година, соработуваше со Мосад и беше директен учесник во ловењето на Адолф Ајхман во Аргентина. Визентал дознал од писмо коешто му го покажал Барон Маст во 1953 година дека Ајхман живее и работи во Буенос Аирес, информацијата е сподлена потоа со израелскиот конзулат во Виена, по што следеше акцијата на Мосад во 1960 година.

Документарниот запис на МРТВ е од 20 февруари 1986 година од седиштето на Симон Визентал во Виена, Австрија.

ИЗВОР: Aрхива на МРТВ

припрема и опрема на докумнтарниот запис од групата на „Документарна: Гласни идеи.“

|2020-12-06T22:53:17+00:006 декември 2020|Актуелно, Вести, Видео / Фотографија|