Француските пожарникари тргнаа во борба против полицијата

Насилни борби избувнаа меѓу полицијата и пожарникарите на улиците во Париз за време на протестот за работните услови и платите. Француската полиција пукаше со водени топови и солзавец кон разгневените пожарникари – некои кои во име на протест се самозапалија за време на демонстрациите.

Синдикатите на противпожарната служба кои бараат подобра плата и работни услови, ја организираа демонстрацијата на Плоштадот на Републиката во главниот град Париз со цел да привлечат внимание за својата кауза. Тие бараат пораст на платите од 25% тврдејќи дека нивната работа е отежната поради намалувањето на бројот на вработени и нападите против нив. Пожарникарите претходно протестираа во октомври барајќи подобра плата, гаранции за нивните пензии и поголема почит за нивната професија.

Во Франција од Декември се забележуваат масовно незадоволство и немири кај работниците, при што синдикатите се мобилизираа против плановите на претседателот Емануел Макрон за реформи во пензискиот систем.

Статијата за објавување ја подготви: Борјан Менкиновски
Оригиналната статија може да ја видете овде.
|2020-01-30T17:04:28+00:0030 јануари 2020|Актуелно, Вести, Свет|