Британската емиграциона политика иста како американската

ЛОНДОН, 04.07.2018 – Исто како Трамповата практиката што ја осуди цел свет, британската влада ги одвојува децата од родителите кои биле примени во имиграциски притвор.

Според една добротворна организација која работи против имиграцискиот притвор, oгромен број на деца, можеби стотици, се одвојувани од нивните родители или старатели во Велика Британија секоја година.

Организацијата „Кауција за иселенички притвореници (КИП)“ оваа година претставуваше 155 родители, кои беа одвоени од нивните деца додека биле во имиграциски притвор во Велика Британија. Добротворната организација во просек има  околу 170 случаи годишно.

Додека тековните упатства на министерството за внатрешни работи и имиграција наведуваат дека децата не треба да бидат одделени од родител доколку тоа резултира со тоа што детето ќе биде згрижено во институција, од КИП велат дека ова се случило со три семејства во последните 16 месеци.

Во два случаи, татковците биле затворени во имиграциски притвор откако локалните власти предупредиле дека мајките на децата не можат да се грижат за нив сами, и дека децата ќе мора да го поминат детството во посебни институции. И двајцата мажи на крај изглегле со кауција.

Во студија објавена во 2013 година, организацијата КИП истражувала примерок од 111 родители кои биле разделени од нивните деца, над 200 на број, во период од 3 години. Просечниот период на притвор траел 270 дена. Речиси сите од тие 200 деца биле дадени под старателство, или им биле препуштени на локалните институции за време на притворот на нивните родители. Во 92 случаи, родителот на крај бил ослободен. Но, во 15 случаи, родителот бил депортиран или отстранет од Велика Британија без детето.

Во последователно истражување од 2014 година, КИП истражувала примерок на 47 лица задржани во имиграциски притвор, и се дознало дека 11 биле депортирани без нивните деца.

Добротворната организација нагласува дека не може да се биде сигурен за вкупниот број на родители и деца кои се одделени на овој начин секоја година. Министерството за имиграцијата не даде изјава и не одговори на барањата за информации за бројот на одделувања.

Од КИП велат дека во повеќето случаи со кои се среќаваат, вториот родител на детето не бил во имиграциски притвор. Но, тие претставувале и самохрани родители кои биле во притвор, и соочени со депортација, како и случаи каде и двајцата родители биле разделени од децата и на кои им се заканувала депортација.

„Она што се случува во САД со семејствата кои пристигнуваат на границата и присилно се одвоени од своите деца  е за крајна осуда

Но, во Велика Британија и ние немаме морална чистина. Нашата влада поради контрола на имиграцијата ги одвојува родителите од своите деца со години. Родителите се притворени без временско ограничување на тој притвор и без автоматско правно застапување, оставајќи ги своите деца во заедницата на милост или немилост.

Резултатот на ова е ужасен и траен. Децата на родителите кои ние ги застапуваме се соочуваат со регресија, бихејвиорални потешкотии и страдаат од кошмари. Ова стравично наследство го раѓа постојаниот страв дека нивниот родител или родители можат повторно да им бидат одземени“, рече Силија Кларк, директорката на КИП.

Џејмс Клеверли, пратеникот и заменик претседател на Конзервативната партија, претставувајќи ја владата на една дискусија во живо на Радио 5 во Јуни, изјави: „Не го правиме тоа во Велика Британија. Имаме режим на притвор кој е фокусиран на семејството.“

Всушност, Министерството за внатрешни работи и имиграција издава упатства за вработените кои се занимаваат со поделба на семејствата преку имиграциски притвор и депортација. Најновата верзија, издадена во декември минатата година, е насловена: “Семејно раздвојување”.

Извор: https://www.theguardian.com/uk-news/2018/jul/03/uk-immigration-authorities-separating-children-from-parents

 

| 2018-07-04T10:50:19+00:00 4 јули 2018|Актуелно, Вести, Свет|