Блокада на магистралниот пат Охрид-Кичево против зголемената цена на струјата

Колона од возила долга четири километри предизвика блокада на магистралниот пат Охрид-Кичево, во знак на протест против енергетските компании МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН како и против регулаторна комисија за енергетика. По петти пат, вчера во Кичево се одржаа граѓански протести против зголемената цена на електричната енергија.

Од организацискиот одбор најавија дека протестите нема да застанат тука, туку тие ќе продолжат да се борат против покачувањето на цената на струјата што се случува во земјата со години наназад, и дека граѓанскиот отпор ќе продолжи додека се реализираат четирите социјални барања кои се во интерес на граѓаните.

Во прилог споделуваме фотографии и видео од вчерашната блокада по магистралниот пат Охрид-Кичево.