„АртАреа“- културна артерија на градот

Во тек е третото издание на фестивалот АртАреа кој претставува спој на различни уметности како што се музиката, театарот, книжевноста и сликарството. Фестивалот кој има за цел да се поттикне културната и творечката интермедијалност се одржува во Кино Култура во периодот од 24–26 јануари 2020.

За време на овие три дена може да се проследи изложбата на фотографии од Ѕвонко Плавевски со илустрации од Владимир Лукаш. Застапена е и кинопроекција на „Кружното патување со Жарко Иванов“ во режија на Жарко Иванов кој исто така е вклучен и во создавање на сценариото заедно со Александар Прокопиев. Промоцијата на романот „Девет приказни за госпоѓа Сит“ од Билјана Црвенковска и збирката „Правда за кратката проза“ со текстови од Ѓорѓи Крстевски, Виолета Бојковска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески и Живко Грозданоски. Што се однесува на музичкиот дел, настанот содржи концерти на  „Шамба трио“  и ВИС  „Тркалезна маса“ и уште неколку други културни настани како Саем на книга и  креативни работилници, вредни за нашето внимание.

Организатор на овој фестивал е издавачката куќа Бегемот, а на фестивалот може да најдете книги и од издавачките куќи Или-или, Темплум, Готен, Слово, Табахон, ПНВ публикации, Гаврош, Чудна шума и Антолог. Партнер на настанот е Кино Култура. Влезот за овој фестивал е бесплатен.

Фејсбук настанот можете да го најдете овде.

Пишува: Емилија Митреска

|2020-01-26T11:59:30+00:0025 јануари 2020|Актуелно, Вести, Култура, Свет|