Слава за Рог

Додека чекавме, небото се зарумени

Четирисетмина се уште стоиме…едни од лојалност, други од должност, третите се само скаменети…пред помалку од еден час гледавме како багерот одлучно како и кога прв пат се обиде пред четири години – методично го нападна некогашниот социјален центар Живко Сквоетец.

За да гледаме, да не заборавиме и да ја искорнеме и последната трошка надеж.

Сега е над Рог- градилиште-тишина.

Работниците си одат. Полицајците се тивки, како да не сакаат да ја прекинат тагата, како да се  срамат од своето насилство.

Безобразните чувари, кои полицијата ги чуваше од гневната толпа, се повлекоа. Веќе немаме што да им земеме, веќе немаме што да чуваме од нив, не остана ништо да го браниме со нашиот глас и нашето тело.

Кога ја слушнаа веста дека на Рог му се заканува рушење луѓето почнаа да доаѓаат. Што сами, што во групи, исто како што доаѓале сто пати претходно.

После толку време – за последен пат. Некој рече: ова е парастос...и неговите или нејзините зборови се разлеаа меѓу нас, се претворија во суви клетви, но се уште го задржаа значењето. Се собравме да оддадеме почит. Луѓето доаѓаа сами и во групи. 50, 100, 200 можеби 300. Се вратија сите кои дента го видоа срушениот и понижениот Рог.

Толпата беше мирна. Бевме пример за мирен протест. Немоќни, тивки, замислени.

Анархистите се обидоа да викнат некоја парола но никој не се огласи, луѓето пропаднаа во своите влажни, се повлажни души без ехо и не ги притискаа оскурните ѕидови. Некој фрли јајце, некој флаша, полицијата се размрда но никој не ги приметуваше. СОБИРАНКИТЕ СЕ ЗАБРАНЕТИ, се обдие со заповедувачки тон да извести еден орган на државниот апарат, но го преовлада толпата која повеќе не сакаше ништо – само мир.

Болеста беше долга и мачна.

Рог го гледавме од далеку, како сива тврдина, како последниот покрив кој се издига над костените на брегот на Љубљаница. Од бетонската градина на нашата радост – до првиот темел на нашите идеали. Го прифативме поразот. Дон Јанковиќ уште во 2016 година посеа страв во младите победчнички души со законот за приватна сопственост.

На 19 јануари, 2021 низ пукнатината на вратата гледавме терор и пустошење и си рековме можеби ова е нашето олеснување и нашиот спас.

Во април пред 3 години кога дојде полиција во Рог и зад затворени врати ја пресметуваше силата, Рог падна.

Во јули пред година ипол, веста стигна до помалку луѓе и тогаш неволно се собравме да видиме што може да се направи. Се собравме околу 50 луѓе, можеби и помалку. Вратата беше затворена, во дворот се чувствуваше индивидуалност – во еден момент се слушаше само тропкање на клучевите. И Рог падна.

Вообичаеното гостопримство се смени со параноја и сомнеж: кој си ти, што правиш тука? Зошто си во Рог? Надворешниот притисок кон слободните простори раѓа секташтво и прогон а колективната психоза неопходна важност да речеме: ГО БРАНАМ! Од длабоката самотија на изгубените души анархистите пуштија гласен абер! И Рог падна.

Рог беше енклава која раѓаше принципиелност. Имаше толку многу моменти, ноќи, денови, сеедно, кога пијани од неодговорност никому не одговарајќи ја чекавме зората да дојде од тој двор, низ тој прозор да се издигне сончевата светлина и слободата да се прелее над ненегуваните плочки на центарот што се простираше околу нас. Врелото сонце ќе ги запали. И Рог падна.

Затоа што слободата е итра и брзо се исцрпува.

Ја опеавме во гротески собиранки – пенкалата танцуваа, нозете се тресеа, длабоки воздишки под неонски светилки, маси од кои баш тогаш стануваа задоволни членови без донесени одлуки и состаноците изгледаа како огромен граѓански совет. Кој смее да има клуч? Кој има клучеви? Медиумски спин, спин, спин! И Рог подлегна на дијалектиката.

Немаше аграрни реформи – како и во другите градови исто и тука, љубоморно ги чуваат приватните празни простори. Фабриката е рушевина.

»Ti si visok mračen bog, gora, gora v temi. Dvigni se v naših prsih, daj, da bomo kot ti, gora, gora v temi.«

Силата која ја изгради фабриката е тајна. Се собираме како во пештерите на племињата за да се заштитиме од силата над која немаме никаква моќ. Од надвор биеме бој со бирократијата а таа пушта корења одвнатре. Состанок! Државата расте бидејќи умира.

И Рог падна!

И осамна 19ти јануари

Државните платеници не опколија и со благослов од нивниот Цар и со огромна радост во срцето го нападнаа Рог. Ги бараа заспаните и ги бркаа – петнаесет луѓе на еден – и искршија се што им се најде на патот. Обучени да не не гледаат во очи како рамни на себе. Обучени да бидат понизни и да понижуваат.

Ни пристигна долго очекуваната речиси неприметлива реорганизација на градот. Капиталистичкиот баланс се израмни со оној од предградијата и буржујската емоцијална свест, иако можеби несвесно – осиромаши. Она што го градеше Рог – јавност и пријателство – е сега во очите на законот прекршок, бранење на пријателите и животот е кривично дело. Градење на нова Роговска заедница- задишано.

 

Денес: Слава на Рог

Утре: Нека цветаат сто цветови.

 

Пишува: Vid Bešter, Radio Študent

Превод: Цеце Ристева

|2021-02-25T13:55:43+00:0025 февруари 2021|Актуелно, Вести, Свет|