Работниците од Веибо Груп блокираа улица, си ги бараат платите и придонесите

КРИВА ПАЛАНКА, 01. 02. 2018 – Денеска штрајкуваа во Крива Паланка работниците од текстилната фабрика Веибо Груп. Тие окупираа една од улиците на градот и бараат да им бидат исплатени платите и придонесите последните три месеци .

Денеска во 7 часот изутрина, започна протестниот штрајк на отпуштените работници од фабриката Веибо Груп во Крива Паланка. Околу сто работнички и работници од фабриката, блокираа една од улиците на градот.

Тие бараат исплаќање на заостанатите и неисплатени плати за три месеци, коишто раководството на фабриката им ги должи. Исто така, не им се исплатени прекувремените часови , К-15, регрес од годишен одмор, како и придонеси за ПИОМ и здравствено осигурување.

Дел од нив се оставени на милост и немилост на системот кој според искуството не се покажал многу егалитарен. Исто така, дел од работниците имаат потреба од медицински услуги, а истите се незаштитени поради фактот што управата не исплаќа партиципација во фондот за здравство.

|2018-02-01T11:51:43+00:001 февруари 2018|Актуелно, Вести, Економија|