Песна победи на конкурсот за НАТО есеј

Песната „НАТО И ЈАС“ е победничкиот труд на конкурсот за најдобар НАТО есеј. Иако конкурсот ја опфаќаше тинејџерската популација, сепак мора да се признае дека оваа песна ги надмина сите критериуми на песна и добива своевиден карактер на химна. Честитки за победникот. Во прилог следува песната за НАТО:

Пролет,
природата ни приредува слава,
а мене само една мисла ми се врти во мојата амбициозна глава.

Што ли ќе правевме ако
не бевме дел од алијансата,
ќе можевме ли мирно да спиеме,
ќе ја имавме ли шансата ?

Ќе имавме ли мирен сон
кога сите волци околку нас завиваат?
Ооо какви ли сега “одела” и машни
русите ни сошиваат?!

Ехх ти најголема сило во оваа вселена,
ќе беше ли тревата вака зелена,
небото вака сино?
Ќе пиевме ли вака безгрижно у парк на сепариња вино?
Ќе беа ли портите толку ширум отворени,
а сите наши грижи во длабок подрум затворени?

Сега конечно ќе направат од нас мажи,
нема клати-врата, нема трчи-лажи.
Едвај чекам да завршам средно,
ќе одам на боиште, ќе работам вредно!

А кога ќе се вратам,
инвестиции ме чекаат,
ме чека 500евра плата,
од сега натаму слободно
ќе си приуштам и органска салата.

Фала ти чичко Столтенберг, Солана, Меркел, Ципрас, Емануел Макрон,
што од Северна Македонија направивте
за мене топол дом.
Сега сме во иста алијанса и со јуесеј,
кој ли ќе речеше дека ќе дојде и ваков за нас хепи деј?

НО ТОА НЕ Е СÈ!

Во продолжение следува и победничката фотографија на конкурсот којшто го измисли редакцијата на Гласник, токму на тема „НАТО И ЈАС“.