Капиталистичкиот систем само продолжува да ги експлоатира и убива работниците. Годишно умираат по 2,8 милиони работници поради болести и несреќи предизвикани на работното место.
Во првата недела од септември, во Сингапур се одржа 21. Светкси Конгрес за безбедност и здравје при работа под мотото: Глобална визија за превенција.
Според изјавата на претседателот на Меѓународната организација на трудот, Гај Рајдер, годишниот трошок на глобално ниво за превземање на соодветни мерки за заштита и здравје при работа, е еднаков на збирот на националниот приход на 130 држави, коишто се со ниски примања.
Болестите и несреќите предизвикани од работното место отвораат пад на националниот приход во светот за 3,94 проценти. Оваа година, оваа загуба чини 2,99 трилиони долари.
Како резултат на болести и несреќи предизвикани на работно место, годишно умираат по 2,8 милиони работници.
На светскиот конгрес годинава, се зборуваше за политичките и технички мерки, коишто треба да се превземат за намалување на големината на овој проблем. Меѓународната организација на трудот, особено нагласува дека, треба да се промени работната структура.
Меѓутоа, како и секогаш, ваквиот тип на технички расправи ја промашуваат суштината на проблемот, односно реалноста на капиталистичкиот систем.
Покрај тоа, мерките како што се промената на работната структура, се веќе на агендата на буржоазијата, а таквите социотехнички интервенции доведуваат до други важни проблеми, поради ефектите на контракција на вработувањето.
Од друга страна, преносот на производството од монополните кон подизведувачките фирми, го оневозможува спроведувањето на здравствените мерки на работниците во многу сектори.
Условите за работниците во македонските фирми смртоносни, особено за градежниците и текстилците
Во Македонија годишно, во просек 40-тина работници го губат својот живот, а стотици се повредуваат додека извршуваат работни задачи. Според здружението за заштита при работа, за црната статистика одговорни се работодавачите, но и самите работници. Газдите најчесто ги воведувале мерките само на хартија, колку да се заштитат од инспекција, а законските одредби ги сметаат за дополнителен и непотребен трошок. Самите работници не си ги знаат правата. Дури 85% не знаат како нивните работодавачи треба да ги заштитат на работното место, ниту пак каде можат да се обратат при повреда на работа. Најголемиот број од смртните случаи и повреди на работа се случуваат во градежништвото и земјоделството, при управување со механизација и несоодветна заштита при градба. Во месец април, шеесетгодишен градежен работник загина при пад од скеле во хала – луштара, која се наоѓа во кругот на фирмата „Мак-Прогрес“ во Виница. Во јули месец пак, тројца работници тешко беа повредени при пад од скеле кај клучката на селото Миладиновци.
Во текот на летото, во услови на екстремно високи температури, најпогодени се градежните работници, коишто работат на отворено, како и повеќе од 20.000 текстилни работници, коишто исто така, работат на температури повисоки од 35 степени целзиусови, додека нивните работодавци/газдите штедат струја.
Всушност, она што треба да се направи од аспект на безбедност и здравје при работа, е уривање на капиталистичкиот систем. Невозможно е здравјето и безбедноста при работа во вака уреден економски систем, кадешто законот е повеќе во служба на работодавците, односно газдите, коишто ги поседуваат средствата за производство, а не на страната на работникот, кој всушност е клучниот фактор за постигнување на производството. Кај нас, од осамостојувањето до денес, законот за работни односи претрпе толку многу промени, што од закон за заштита на работничките права се претвори во закон за заштита на правата на газдите на фирмите.