Нов извештај истражува како да ги преобмислиме градовите

Во 2009 година, светот дојде до точка на престврт. За првпат во историјата на човештвото, мнозинството не живее веќе во руралните области, туку во градовите. Оттогаш, растот во градовите само се забрза, а Обединетите нации проценуваат дека до 2050 година 66 проценти од светското население ќе живее во урбаните средини.

Новиот извештај, „Преобмислувајќи го градот” (“Rethinking the City”) од Лабораторијата за комплексност (Complexity Labs) од Ирска, онлајн платформа за истражување и содржини за комплексни системи, тврди дека денес се наоѓаме во време на урбана трансформација која бара од нас да развиеме нови технолошки системи за управување, организирање и дизајнирање на урбаните средини. Нивните наоди се сумирани во ова видео:

Градовите, по својата природа, се неверојатно сложени. Промените често се случуваат побрзо отколку што властите можат да реагираат – што доведува до проблеми како неформалните населби, несоодветни услуги или високи кирии и гентрификацијата.

Всушност, градовите можеби нема да бидат вистинската рамка за размислување за урбаните области. Во февруари 2016 година, на својот TED Talk за мегаградовите, Пагаг Кхана укажа дека растот на поврзаноста (connectivity) означи взаемно поврзување на кластерите на градовите. Меѓутоа, во многу делови од светот постои недоволна координација помеѓу мегаградовите и регионите поради нашите застарени институции.

Complexity Labs тврди дека доминантниот систем за управување со градовите – централизацијата и бирократијата од времето на индустриската ера – не е во можност да фати чекор со предизвиците на брзата урбанизација. Истовремено, денешните одлуки на градовите и мегаполисите ќе влијаат врз глобалната економија и на животната средина далеку во иднината.

Една од структурните промени на кои авторите на извештајот повикуваат е пренасочување кон дистрибуираните системи и peer-to-peer интеракција од друга страна, тврдејќи дека технолошките и онлајн платформите за координација ќе овозможат дистрибуирана организација на начини кои претходно не биле можни.

Гледаме дека ова се случува веќе низ целиот свет додека Споделувачките градови (Sharing Cities) во кои и формалните и неформалните мрежи им овозможуваат на жителите да споделуваат ресурси, знаења и да учествуваат во локалната власт, со тоа развиваат иновативни начини за решавање на урбаните предизвици. На пример, во Берлин, Германија, споделувањето храна ги поврзува земјоделците, фармерите и жителите со намалување на отпадот и градење на заедница низ градот. Во Гетеборг, Шведска, платформата за дигитално споделување на превоз Skjutsgruppen има 70.000 членови кои ги споделуваат возилата и превозот преку непрофитна мрежа. Други места почнаа директно да ги вклучат граѓаните во креирањето на политиките – Тајван создаде служба за споделување на превоз откако доби информации од жителите. Во САД, луѓето во Оукланд и Бостон учествуваат во проектите за партиципативно буџетирање. Новата книга Shareable, „Споделувачки градови: активирање на урбаните јавни добра” (“Sharing Cities: Activating the Urban Commons”) има бројни студии на случаи и политики на слични иницијативи низ целиот свет.

Бидејќи се повеќе и повеќе луѓе се населуваат во градовите и вршат притисок врз постојните институции, иднината на мегаградовите зависи од растот на вистински Споделувачки Градови, платформи и поколаборативна економија. Време е да се преиспитаат градовите – и да се преиспита како споделувањето може да земе голем замав преку употреба на технологијата.

Преземено од Shareable

Фото: MVRDV

|2017-10-27T19:52:09+00:0027 октомври 2017|Вести, Свет|