СКОПЈЕ, 16.05.2017 – Во просториите на Социјалниот центар Дуња, со песни испеани од хорот на Црвената армија, се прославуваше 9-ти Мај, денот на победата над фашизмот. Настанот беше насловен „Фашизмот се победува со песна (9-ти Мај 1945 – 9-ти Мај 2017), додека организатор на настанот беа активисти од левичарските движења во Македонија
Беа емитувани песни со колажи од снимки од воените дејствија на Источниот фронт, победноносната атмосфера во 1945тата година, а во помал обем снимки од повоениот период и песни на последниот состав на Хорот на Црвената Армија, кој загуби ¾ (или 63 членови) во авионската несреќа во Сочи која се случи на Декември минатата година.
Покрај тоа што намерата на настанот беше прославата на датумот, исто така имаше димензија на оддавање чест на составот на Хорот на Црвената армија и несреќно загубениот живот на уметниците.
9 Мај претставува денот на победата на антифашистичките сили, конкретно Советскиот сојуз, против Нацистичка Германија. На 9 мај, 1945 година завршува последниот напад над Берлин и е потпишана капитулацијата на Третиот Рајх.
Во Македонија, светскиот ден на победата над фашизмот, на државно ниво немаше некоја посебна прослава. Парадоксален беше чинот на доделувањето на орденот за заслуги на директорот на Македонска Опера и Балет, Игор Дурловски. Дурловски беше еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, кои на 27 април кулминираа со влез на демонстрантите во Собрание.
Таа вечер, демонстрантите влегоа во Собранието на Република Македонија, демолираа неколку простории и претепаа неколку пратеници на СДСМ и Алијанса за Албанците.