СКОПЈЕ, 15. 09. 2017 – Денес, на официјалната страна на Левица, беше објавена кандидатурата на Марија Џонс за градоначалник на Град Скопје. Од досегашните имиња на кандидати за градоначалник за овие избори пријавени од страна на политичките партии и потенцијалните независни кандидати, познато е дека само Марија Џонс е жена.
Непосредно пред објавувањето на кандидатите на владејачката СДСМ низ социјалните мрежи се водеа вжештени дебати за застапеноста на жените. Незадоволството од селекцијата на владеачката партија и ВМРО-ДПМНЕ најде на реакција кај женските движења и активистите за човекови права.
Марија Џонс на јавноста и е позната по нејзиниот активизам особено на протестите против измени на законот за хонорарци предложени од страна на тогашната владеачка партија ВМРО-ДПМНЕ . На тие протести, Џонс застана во одбрана на граѓанските и работничките права и со инспиративни говори ги спечали симпатиите на демонстрантите и македонската јавност.