Пред 3 дена беше објавена пресуда за еден веќе заборавен настан од 2016 година, кога тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов објави општа аболиција за функционери да не бидат кривично гонети за сериозни индиции на криминал, корупција и други злоупотреби на власта. Здравко Савески и Владимир Куновски во петокот од страна на Апелациониот суд беа огласени за виновни за учество во толпа што ќе нанесе поголема имотна штета на државен имот. На оваа тема денес разговараме со другарот Здравко Савески.