Хронично болните оставени на милост и немилост на државата – Гласни идеи

Секој ден слушаме биланс на починати од кои сосема логично најголемиот дел се лица со хронични заболувања. Во услови кога гледаме дека здравствениот систем е пред колапс, кога гледаме дека од страна на институциите не се превзема ништо за заштита на најзагрозените, тогаш како општество недозволиво е да останеме неми посматрачи на егзодусот кој се случува пред нашите очи.

Затоа како редакција на Гласни идеи, апелираме до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива, да се солидаризираат со хронично болните со тоа што секојдневно ќе вршат притисок врз институциите за час поскоро хронично болните лица да бидат ослободени од секојдневното одење на работа.

|2020-11-29T23:19:56+00:0029 ноември 2020|Актуелно, Вести, Видео / Фотографија|