Смртниот пост на музичката група Јорум – Гласни идеи

Пред 3 години, музичарите од „Груп Јорум“ добија извршна забрана од власта за одржување на концерти, по што членовите на бендот на различни начини протестира против одлуката, а некои од нив се одлучија да штрајкуваат со глад, додека нивните барања не се исполнат. Протестот со глад, имено, стана, смртен пост.

Со овој подкаст постхумно им оддаваме почит на хероите коишто починаа фатално во последните два месеца, на Хелин Болек, на Мустафа Кочак и на Ибрахим Гокчек, за нивната истрајност во борбата за правда во Турција. Да напоменеме дека смртниот пост е метод на отпор којшто често го користат турските социјалистички борци.

Овој пат, наместо како водителка, Џејлан Велиу е соговорничка во тематскиот подкаст „Гласни идеи“.