„Ги исполнуваме улиците со надеж“

Интервју со Пол Мејсон за Џејкобин

Пол Мејсон за моќта на кампањата на Корбин и неговото искуство во кампањата на лабуристичката партија.

Невообичаено е новинари од висок профил да играат централна улога во една политичка партија среде изборна кампања, но токму ова Пол Мејсон, поранешен писател за Гардијан, поранешен економски уредник за Канал 4, го прави. Во февруари 2016, тој го напушти Канал 4 за да може целосно да партиципира во политичката левица без обвинувањата за пристасност што се (нееднакво) наметнати на медиумите.


Може да ни кажете за вашето искуство во учеството на кампањата за маргиналните места во изборите?

Пол Мејсон: Она што направи разлика е манифестот на лабуристичката партија. Пред да излезе манифестот сите пораки на конзервативците на некој начин имаа смисла.

Внимавајте, во многу од овие маргинални места во англиските конституенции луѓето не се толку многу засегнати со политиката. Кога сте на врата навистина се трудите да ги заинтересирате луѓето. Но, откако еднаш слушнаа дека има некаква понуда на готовина – 9000 фунти годишно ако сте студент, 9 фунти неделно за училишни ужинки, социјална грижа за возрасните во вредност од околу 1000 фунти месечно за некои луѓе, тие се разбудија. Всушност, тие се разбудија и рекоа „Уау!“

И, знаете, она со кое што споредувам — особено за бејби бумер генерацијата, луѓето во педесетата и шеесетата година од животот — тоа е како наоѓање на старо парче винил (плоча) за кое сте заборавиле, и ќе си помислите, „Ова звучи подобро од било што што сум слушнал последните дваесет години.“ Тоа беше разликата.

Луѓето сè уште мислат дека движењето на Корбин е само една група на воини на тастатура. Вие сте личност заинтересирана за дигиталната економија. Можете да го оцените овој вид на мислење?

Пол Мејсон: Моментално ние се наоѓаме во Плимут во традиционална лабуристичка врата-до-врата кампања. Разликата е во тоа што имаме релативна автономија, па веќе немаме ригидни машини што ни наредуваат да кажуваме и да правиме одредени работи на одреден начин.

Со нас е цела една генерација што го прави ова. Тие знаат дека треба да прават лице-в-лице настапи, но тие тоа го прават на поинаков начин зашто ние имаме  — секако во канцелариите на Моментум  — луѓе од движењето на Берни Сандерс кои ни кажуваат како да ги поврземе онлајн работите со работите во живо.

И да запомниме уште една работа: има воини на тастатури и на другата страна. Другата страна врши истискување на гласачи и лажни вести на индустриско рамниште што не можеме да си го дозволиме и за кое немаме експертиза. Затоа, требаше само да најдеме и да тренираме луѓе што само ќе вршат надзор и ќе се спротивставуваат на тоа.

Онлајн, ние целиме да извадиме илјадници луѓе на улиците оваа недела за да работат на кампања – иако не е тастатурата, туку екранот на телефонот што повеќето луѓе ќе го користат.

Целото интервју може да го најдете овде.

|2017-06-13T13:00:57+00:009 јуни 2017|Вести|