По 17ти пат се одржа анти-фашистичкиот „Анти-Луков Марш“

Оваа година во Софија, Бугарија по 17ти пат се одржа анти-фашистичкиот „Анти-Луков Марш“ како одговор на нацистичкиот „Луков Марш“ кој го слави делото на Христо Луков, министер за војна за време на втората светска војна.

17 години Софија секој февруари храбро се бори со остатоците од нацизмот и со новиот бран кој полека се буди насекаде околу нас. Оваа година нивната борба вроди полод со тоа што „Луков Марш“ беше класифициран како нацистички собир и беше формално забранет.

Солидарноста, упорноста и поддршката е она што ќе го убие фашизмот исто како што младата еврејка Виолета Јакова го уби Христо Луков, човекот кој свесно испраќаше луѓе во концентрационите кампови во нацистичка Германија.

 

Превземено од: Социјален центар Дуња

|2020-02-25T18:05:18+00:0025 февруари 2020|Актуелно, Вести|