Живееме во време кога меѓународните политички односи и натаму ги креираат националните држави. Националното будење како романтична просветителска цел на 19 тиот век, продолжи во империјалистичка тотална војна во 20 тиот век, за во 21 да мутира во националшовинизам и десничарски опортунизам. Притоа, нациите и национализмот како поими, се покажаа флексибилни и прилагодливи на различните фази на капитализмот и оној мал период на социјализмот од 20тиот век. Имајќи ги предвид историските обележја на поимите нација и национализам, денес разговараме со другарот Стефан Илиевски.