Да се прашаме:
На кого може да му смета поимот „бугарски фашисти“?
На кого може да му смета поимот „германски фашисти“?
Ка кого може да му смета поимот „италијански фашисти“?
……………
На сегашните фашисти во Бугарија.
На сегашните фашисти во Германија.
На сегашните фашисти во Италија.
Ниеден антифашистички елемент во било која земја нема проблем со употреба на вакви прецизни термини, посебно во земји кои строго се дистанцираат од вакви политики ради трауматична колективна меморија.
Овие прецизни термини што означуваат еден историски период, не само што не треба да се бришат, туку мора и да се прошируваат во денешен контекст, без резерва. Секаде каде што во општествата и државите има фашистички елементи (што отворени, што прекриени и маскирани низ леери на национализам и популистички патриотизам), без разлика дали во политички партии, навивачки групи, неформални организации, па и цели влади, употребата да е што попрецизна, односно: македонски фашизам, амерички фашизам, унгарски фашизам, полски фашизам, бразилски фашизам итн итн.
Кон една нова екологија на антифашизмот…
Фејсбук статус на Александар Ковачевски.