Папата Франциско во саботата во врска со Г20 Самитот изјави дека, е загрижен поради потенцијалот за опасните сојузи помеѓу светските лидери и последиците врз бегалците.
„Загрижен сум за опасните сојузи помеѓу моќните кои ја изобличија визијата за светот“ истакна Папата за италијанскиот весник Ла Република.
Оваа опасност, според него, ги засега бегалците и исклучените.
„Нашиот главен и за жал растечки проблем во светот денес се сиромашните, слабите, исклучените, а тука се и бегалците“, рече тој, укажувајќи на државите кои се плашат од инвазијата на бегалците.
Во многу држави во Европа беа организирани демонстрации против Самитот на Г20, кој се одржа од 7 до 9 јули во Хамбург, Германија. Главно демонстрациите се случуваа во градот во кој се одржа Г20 Самитот. Протестите беа организирани од левичарски и анархистички антикапиталистички групи, додека еден од централните слогани беше „Добредојдовте во пеколот“ (Welcome to Hell). Протестите против самитот на дваесетте најмоќни економии на светот не помина без приведувања на демонстранти, повреди и демолирање.