Студенти од Албанија упаднаа во Инспекторатот за труд

 
Вчера активистите на организацијата „Organizata Politike“ од Албанија влегоја во Инспекторатот за труд како одговор на се позачестените случаи на смрт на работници на работното место низ земјата.

Според нив Државниот инспекторат за труд и останатите одговорни тела за работнички права потфрлиле по ова прашање, па решиле на овој начин да го искажат својот револт разгласувајќи дека работници умираат додека институциите молчат. Исто така тие симболично направија неколку графити внатре и на влезот од објектот кои гласеа „Еден слој на експерти секоја ден молчи за смртта на работниците“.

 
Во прилог проследуваме нивно соопштение, објавено непосредно по протестниот акт:

Држава што спие над крвта на работниците

Вчера загина дваесет и вториот работник од почетокот на годината. Денеска попладне група активисти на „Organizata Politike“ влегоа во просториите на Државниот инспекторат за труд за да протестират против незаинтересираноста на ова институција за да го обезбедат животот и здравјето на работниците. Канцелариите ги најдовме празни, меѓувреме група од службениците седеа во кафичот во близина, од каде еден од нив со однесување на еден политички скитник подигна рака над активистите.

И покрај тоа што работата е прекината и ограничена поради пандемијата, до денеска животот го имат загубено 22 работници и се регистрирале над 89 несреќи. Во сите случаи животот и здравјето се загрозени за профитот на група алчни и привилегирани.

Бројот на несреќи на работното место се зголемува секоја година. Во 2018 беа регистрирани 27 жртви, додека во 2019 бројот се зголеми на 38. Најубиствен економски сектор останува градежништвото. Жедта на олигарсите за брз и голем профит не го уништува само урбанизмот и живеењето во градот, туку над се им го зрма животот на работниците, кои немат друг избор освен плашливиот бином: глад од невработеност или ризик од смрт на работа.

Ова ситуација не е случајна. Тоа е резултат од од начинот на владеење кој работниците ги смета за муви кои можат да се згазат од владетелите на економијата. На чело на оваа Влада е еден човек кој се фали што нема Синдикати и ги презира работниците и им служи на олигарсите.

Ние активистите на Organizata Politike, ќе ги интензивираме нашите обиди за животот, достоинството и благосостојбата на работниците да бидат над нечесниот профит.

#СоРаботниците

По излезот од објектот тие беа пречекани и нападнати.