Втор дел од дискусијата со Радан Митровиќ, основач на Скопското астрономскодруштво, којшто се занимава со набљудувачка астрономија, астрофотографија, дописник на странски магазини, атеист, човек којшто имаме можност да го видиме во медиуми како ги коментира религиозните ствари. Во поткастот: За корпоративното управување на материјалните богатства натрупани од џамијата и црквата, за буквалното потчинување на „секуларната“ власт под власта на овие имагинарни организирани заедници, имено, се чувствува дека овие организации поседуваат моќ којашто ја злоупотребуваат во односот со власта, и во таа смисла со јавноста, што е парадоксално, затоа што секуларната власт нема потреба од длабење на упоришта на моќ коишто ќе бидат надвор од контролата на владата, парламентот, јавноста, здравиот разум.