За овој вторник (14.4.) од Социјалниот центар „Дуња“ најавија солидарна акција за собирање донации за ранливите категории граѓани, во целост ви ја пренесуваме нивната објава.
!Тоалетна хартија за сите!
Во вторник во Дуња во 10:00 собираме донации за оние кои што властите забораваат дека постојат.
Во дворчето ќе ве пречека наша волонтерка со ракавици и маска, ваша работа е само на кратко да и предадете она што ќе го донесете.
Донациите подоцна ќе бидат предадени најголем дел на социјални случаеви, останатото ќе може да си земе оној кој има потреба.
Се гледаме