Вчера, Грција ја легализираше марихуаната за медицински цели. Наскоро граѓаните на Грција ќе можат да добиваат терапии на база на оваа супстанца.
„Од денес, земјава менува нов лист, затоа што отсега Грција е дел од државите во кои испораката на медицински канабис до пациентите ќе биде легална“ истакна премиерот на Грција Алексис Ципрас.
Минатата година, во Република Македонија се легализираше медицинската употреба на марихуаната, односно маслото од канабис. Овие измени на законот се доста рестриктивни, сметаат од иницијативите за целосна декриминализација на канабисот. Тоа се бројни иницијативи кои се залагаат за целосна декриминализација на канабисот. Под декриминализација се подразбира укинување на кривичните казни за поединечни постапки или нивна замена со некривични санкции.