СКОПЈЕ, 09.01.2019 – Во четврток, на 10 јануари, ќе се одржи протест пред Собранието на Република Македонија. Поводот за протестот е неодамнешната амнестија, но и, како што пренесуваат иницијаторите, пропаднатите политики на социјалдемократската влада на СДСМ.
„Ги амнестирате криминалите на СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ! Ги казнувате продавачите на марули! Наградувате политички бандитизам, а казнувате сиромаштија. Вашите закони служат за една цел: богатење на политичките и бизнис бандити на штета на сиромашниот народ!“ гласи воведната реченица во повикот за утрешниот протест, кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија.
Иницијаторите на протестот имаат објавено неколку барања. Барањата главно се однесуваат на укинувањето на имунитетот на пратениците, лажната социјалдемократија и зголемениот национал-шовинизам, создавањето на сиромаштија, продавањето на животната средина заради профит и непотизмот во универзитетите и профитерството во нив.
На поканата се повикуваат сите граѓани на Република Македонија без разлика на етничка или религиска припадност, а настанот е објавен и на македонски и на албански јазик.
Протестот ќе се одри во четврток, на 10 јануари во 18.00 часот пред Собранието на Република Македонија.