Тевдовски: Од септември зголемување на минималната плата на 12.000 денари

Министерот за финансии Драган Тевдовски денес изјави дека Владата ќе ги подржи компаниите да ја зголемат минималната плата на 12.000 денари. Ова, според Тевдовски, ќе се направи со помош на дополнителни 1,5 милиони евра буџетски средства месечно. Подршката се очекува да започне од септември 2017. Според овој предлог, целта на подршката од буџетот е да се даде временски период во кој работодавците ќе се прилагодат на новата минимална плата. Од март 2018, според планот, буџетската подршка треба да се преполови – на 750.000 евра.

Тевдовски на денешната прес конференција истакна дека: „средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот.“

Ова наиде на подршка и од страна на работодавците. Според изјавата на претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, зголемувањето на минималните плати за 2.000 денари, или 16% не е голем товар за бизнисот.

|2017-06-28T10:51:44+00:0028 јуни 2017|Актуелно, Вести, Економија|