Поминаа 73 години откако беше фрлена првата атомска бомба во Хирошима, на 6 август 1945. Втората беше фрлена во Нагасаки на 9 август истата година. Околу 200 илјади жртви и урнисани градови со цела биосфера на едно место. Човештвото падна на испитот на цивилизациските вредности опејувани и наметнувани со илуминациските придонеси на модерната следејќи ја идејата за слобода и еднаквост.
Опасноста од атомските бомби не стивнува, туку се засилува. Бројот на атомски боеви глави се зголемува во последните децении.
Информациите кои доаѓаат од Турција зборуваат дека нуклеарките чии сопственици се САД, а се наоѓаат во воената база Инџирлик во Турција, ќе бидат релоцирани на Крит во Грција. Ова го изјави генералниот секретар на централниот комитет на Комунистичката партија на Грција и според него, дел од бомбите ќе бидат пренесени на Пелопонез, додека централната база ќе биде во Крит.
Овие информации стануваат се’ поверодостојни откако адокатите од Платформата за цивилна одбрана со како што ја нарекуваат „терористичката Ѓуленистичка организација – ФЕТО“ пред неколку дена до обвинителството во Адана поднесоа барање за апсење на американските војници од базата во Инџирлик.
Во барањето американските војници се обвинети дека вршат: обид за укинување на Уставниот државен поредок на Република Турција работејќи на активности во рамките на принципите и целите на „Вооружената терористичка организација – ФЕТО“, обид делумно да се спречи или целосно да се укине функцијата на владата на Република Турција, како и тоа дека го ставаат во опасност суверинитетот на Турската држава и народ.
Бомбите Б61, коишто се депонирани во базата Инџирлик, се десет пати посилни од бомбата којашто беше фрлена во Хирошима. Покрај историјата на кризи од воен и бегалски карактер, политички распад на сојузи и коренитите промени во политичкиот и економски систем, Балканот станува и резиденција на атомски боеви глави.
Во име на бомбите фрлени во Јапонија од страна на САД ви пренесуваме дел од Аниме цртаниот филм кој на доста траорен начин ги прикажува последиците врз човекот во непосредна близина на фрлена атомска бомба.
Anime retrata a bomba de Hiroshima e Nagasaki em 6 e 9 de agosto de 1945.É bem forte, mas realista.
Posted by Segunda Guerra Mundial on Saturday, October 22, 2016