Турција ја отфрла теоријата на еволуцијата од средните училишта

Ројтерс јавува  дека во Турција веќе нема да се изучува теоријата на еволуцијата во средните училишта, зашто, оваа теорија е „контроверзна“ и „тешка за разбирање.“

Критичарите велат дека претседателот Таип Реџеп Ердоган и исламистички-втемелената АК Партија ги поткопуваат секуларните темели на модерна Турција преку протнување на конзервативна агенда, вклучително и поголема регулација на алкохолот и други забрани, од доаѓањето на власта во 2002.

Поглавје насловено како „Почетокот на животот и еволуција“ ќе биде избришано од стандардните учебници по биологија што се употребуваат во училиштата и материјалот ќе биде достапен само за студентите што одат на универзитетски студии од возраст помеѓу 18 и 19, Алпарслан Дурмус, вели шеф на националниот образовен борд.

„Свесни сме дека нашиот студенти немаат основни знаења за да ги разберат премисите и хипотезите, или ако немаат знаење на научната рамка, тие нема да бидат во состојба да разберат некои контроверзни работи, затоа исклучивме дел од нив,“ тој рече.

Теоријата на еволуцијата на Чарлс Дарвин е отфрлана и од христијанските и од муслиманските креационисти, кои веруваат дега Бог го создал светот како што е опишано во Библијата и Коранот, создавајќи го универзумот и сите живи суштества за 6 дена.

Заменикот премиер Нуман Куртумлус во изминатава година изјави дека дарвиновата теорија, првин објавена во 19-ти век, била „стара и трула“ и не треба да се учи.

Промените се дел од нов курикулум што ќе биде спроведен на почетокот на 2017-2018 учебна година, и беше формулиран во согласност со „турските вредности,“ вели Дурмус.

Изменети се вкупно 51 програми за курсеви од основните и средните училишта, вклучително и религиозните училишта фаворизирани од Ердоган.

Лоби група што промовира секуларно образовиание, Игитим Ис (Egitim-Is) („Образовна работа“) искажа загриженост за промените во курикулумот, велејќи дека тоа го намалува акцентот на постигнувањата на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерната Турција, кој го забранил исламот од јавниот живот.

Текстот на Ројтерс може да го најдете овде.

|2017-06-26T12:26:01+00:0024 јуни 2017|Актуелно, Вести, Свет|