Сопственици на хотел и казино во Лас Вегас ги тужат жртвите од масовното пукање

MГМ Резорти, кои се сопственици на хотелот и казиното Мандалеј Беј и Фестивалот Рута 91, тужат жртви од масовното пукање од минатата година во октомври.

Компанијата, во обид да избегне повикување на нејзина одговорност, испратила федерални жалби против повеќе од 1000 луѓе кои присуствувале на концертот, тврдејќи дека не може да биде сметана за одговорна за смртни случаи, повреди и друг тип на штета – и бара од судот да ги поништи постоечките тужби.

На 1ви октомври минатата година, 58 луѓе беа убиени, а стотици ранeти кога вооружен човек почнал да пука за време на кантри концерт кој се одружвал на 32 спрат на Мандалеј Беј – најсмртоносното масовно пукање во историјата на САД.

Од МГМ велат дека еден федерален акт од 2002 г кој ги заштитува компаниите кои користат „антитерористичка“ технологија или услуги од одговорност ги спречува во било каква правна постапка, бидејќи компанијата која го обезбедувала фестивалот имала добиено сертификат од Одделот за домашна безбедност. Тие бараат од судијата да одлучи дали овој акт е применлив. (ФБИ не го смета октомвриското пукање како чин на тероризам бидејќи напаѓачот немал јасен мотив)”Тужителите немаат никаква одговорност за обвинетите”, тврдат МГМ во тужбите.

Додека во тужбите не се бараат пари од жртвите и се поднесуваат како еден вид на заштита на инвеститорите на компанијата, сепак постои веројатност ваквиот потфат да биде лош PR за компанијата.

МГМ се надева дека ќе го превенира тоа, со тоа што во соопштението напишале дека го направиле ова имајќи ги и жртвите на ум.

“Непредвидливите настани од 1-ви октомври погодија илјадници луѓе во Лас Вегас и низ цела Северна Америка”, рече Дебра ДеШонг, портпаролка на МГМ Ресортс.

„Од денот на оваа трагедија, се фокусиравме на закрепнувањето на оние кои беа погодени од овој ужасен чин на еден злобен човек. Иако ги очекувавме судските постапки што следеа, сепак ревносни сме во ставот дека жртвите и заедницата треба да закрепнат и да најдат решение на навремен начин. Федералниот суд е правата институција за овие случаи, која им дава можност за навремено решение на оние погодени од трагедијата. Години поминати во развлечени судски постапки и сослушувања не се во најдобар интерес на жртвите, заедницата и оние кои се уште закрепнуваат.“

Извор: http://fortune.com/2018/07/17/mgm-sues-las-vegas-shooting-victims/