По повод самитот на НАТО, во неколку грчки градови беа организирани протести од страна на иницијативата “Организации против војните, империјализмот и национализмот” поддржана од повеќе левичарски и анархистички организации. Транспарентите со антинационалистичка и анти империјалистичка содржина кои беа истакнати во Атина, Солун, Јанина, Патра и Лариса гласеа “НЕ за фашизмот, национализмот и војните”, “НАТО и ЕУ надвор од Балканот”, “Работници од Балканот – обединете се”.
На протестите беше критикувана владата на Сириза поради нејзините политики на континуирано зголемување на трошоците за воена опрема и нејзиниот удел во реакционерната и агресорна оска Грција – Кипар- Египет – Израел, додека истовремено се прикажува како водечки фактор за интеграција на Балканот (преку договорот од Преспа).
Грција е една од најстарите земји членки на НАТО пактот. И покрај фактот што е најзадолжена во Европа, грчката држава плаќа процентуално од БДП најмногу буџетски средства (после САД), повеќе и од Германија, Турција и Франција. Лидерот на владејачката партија Сириза, Алексис Ципрас, беше единствениот политичар што ја поддржа изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за европските земји да го зголемат својот удел во воениот буџет на НАТО.
Текстот е преземен од Антропол.