(Видео) Жена на која и излегла бутната коска, ги молела минувачите да не повикаат Брза помош затоа што немала пари да ја плати

БОСТОН – Откако на една жена и се заглавила ногата во возот во метрото во Бостон, и бутната коска и ја продрела кожата таа низ плач викнала кон минувачите кои сакале да и помогнат: „Не викајте брза помош. Знаете ли колку чини Брзата помош?”

Mинувачите побрзаа да ја спасат жената откако таа заглавила меѓу  возот и подземната платформа. Просторот помеѓу возот и платформата изнесувал само 13 сантиметери.

Од сигурносните камери од полициското одделение за транзитни полициски служби во залив во Масачусетс се гледа како патниците го туркале возот напред и назад за да ја ослободат жената. Според еден очевидец, ногата на жената и била „свиткната и крвава“.

Полицијата соопшти дека докторите и ја преврзале раната, а потоа била оперирана во болница.

Светската здравствена организација (СЗО) ја дефинира универзалната здравствена нега како систем во кој секој има пристап до квалитетни здравствени услуги и е заштитен од финансискиот ризик додека ја користи истата. Во Америка моментално има 26 милиони луѓе кои немаат пристат до ваквата нега. Во оваа земја вербата во слободниот пазар е на ниво на светост. Но, бројни економисти во Америка се бореле против оваа догма во здраствената нега. Еден од нив е економистот Кенет Ерроу,  добитник на Нобеловата награда, кој уште во 1963 година, аргументирал дека слободните пазари во здравствената заштита се неефикасни поради “постоење на неизвесност во случај на болеста и во ефикасноста на третманот”.

 

|2018-07-14T15:18:31+00:0014 јули 2018|Актуелно, Вести, Свет|