СКОПЈЕ, 06.06.2018 – Редакцијата на Гласник во соработка со редакцијата на електронскиот медиум Антропол изработи кратка видео анкета, со цел да ги прашаме граѓаните дали знаат кои се авторите на Комунистичкиот манифест – Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
Како локација за анкетата намерно е избран булеварот кој порано го носеше името „Маркс и Енгелс“, а кој пак како резултат на кампањата да се избрише марксизмот од сеќавањата на луѓето беше преименуван во булевар „ВМРО“.
Погледнете го видеото со одговорите од граѓаните кои живеат, или поминуваат на овој булевар.