(Видео) Карл Маркс за тоа, како богатите стануваат богати

Експлотацијата според Карл Маркс беше многу важен проблем и една од централните точки на неговото мнение. Додека работниците барале да бидат фер платени, Маркс им велел дека тоа не е можно, дека секогаш тие, работниците, ќе создаваат вишок на вредност која ќе заврши во капиталистичките џебови и дека капиталистичките интереси секогаш ќе произведуваат работничка експлотација.
„Интересите на капиталистот и работникот според тоа се еднакви, тврдат буржоазијата и нејзините економисти. И навистина! Работникот пропаѓа, ако капиталот не му даде работа. Капиталот пропаѓа, ако не ја експлоатира работната сила, а за да ја експлоатира, мора да ја купи. До колку побргу се множи капиталот одреден за производство, продуктивниот капитал, до колку индустријата побујно цути, до колку буржоазијата повеќе се богати, до колку работата оди подобро – до толку повеќе капиталистот има потреба од работници, до толку поскапо се продава работникот“, пишува Карл Маркс во „Наемниот труд и капиталот“ (1847).
 Со Фукујамскиот проглас за „крај на историјата“ се сметаше дека марксистичката идеја е мртва, но Марксовата критика на капиталистичката експлоатација и на нееднаквоста, посебно после финансиската криза од 2008 го стави овој голем мислител повторно „во игра“ во моментите кога се анализираат проблемите и решенијата за системската санација или системското рушење.

Како богатите стануваат богати? Маркс објаснува:

Експлотацијата за Карл Маркс беше многу важен проблем и една од централните точки на неговото мнение. Додека работниците барале да бидат фер платени, Маркс им велел дека тоа не е можно, дека секогаш тие, работниците, ќе создадаат вишок на вредност која ќе заврши во капиталистичките џебови и дека капиталистичките интереси секогаш ќе произведуваат работничка експлотација.Интересите на капиталистот и работникот според тоа се еднакви, тврдат буржоазијата и нејзините економисти. И навистина! Работникот пропаѓа, ако капиталот не му даде работа. Капиталот пропаѓа, ако не ја експлоатира работната сила, а за да ја експлоатира, мора да ја купи. До колку побргу се множи капиталот одреден за производство, продуктивниот капитал, до колку индустријата побујно цути, до колку буржоазијата повеќе се богати, до колку работата оди подобро – до толку повеќе капиталистот има потреба од работници, до толку поскапо се продава работникот. – напишал Карл Маркс во „Наемниот труд и капиталот“ (1847).Со Фукујамскиот проглас за „крај на историјата“ се сметаше дека марксистичката идеја е мртва, но Марксовата критика на капиталистичката експлоатација и на нееднаквоста, посебно после финансиската криза од 2008 го стави овој голем мислител повторно „во игра“ во моментите кога се анализираат проблемите и решенијата за системската санација или системското рушење.

Posted by Glasnik.mk on Friday, 18 May 2018

 

|2018-05-21T07:18:41+00:0018 мај 2018|Актуелно, Вести, Економија|