Некои синдикатски лидери, по изборите изјавија дека, ќе се борат против плановите на Макрон
Партијата на претседателот Емануел Макрон, „Ан Марш“ (Одиме), во вториот круг од парламентарните избори направи коалиција со Демократското Движење (МоДем) и од вкупно 577 места во Националното Собрание успеа да загарантира околу 350 пратенички места
Процентот на излезеност на гласањето е околу 42 отсто, што значи дека е на рекордно ниско ниво. Се претпоставува дека, противниците на Макрон не излегоа на гласање.
Макрон, кој убедливо победи наспроти француските традиционални политички партии, се очекува за кратко време да ги спроведе про ЕУ реформите.
Повеќето од кандидатите во Движењето „Ан Марш“, кое се формираше пред околу една година и кое после претседателските избори прерасна во партија го сочинуваат лица, коишто претходно немаат политичко искуство. Половина од кандидатите за пратеници на партијата на Макрон се жени.
Емануел Макрон на претседателските избори во Мај, стана најмладиот лидер во Франција. Во вториот круг од изборите учествуваше лидерката на екстремно десничарскиот Народен Фронт, Марин Ла Пен.
Се очекува во парламентот главната опозиција да ја сочинува Републиканското крило. Во претходниот состав коалицијата на Републиканците имаше 200 пратенички места, додека сега се очекува да освои помеѓу 125 и 131 место.
Според првичните резултати, се очекува Социјалистите кои беа на власт во последните 5 години да освојат помеѓу 41 и 49 пратенички места. Ова значи дека, од 1958 година досега тие ќе имаат најмалку пратенички места.
По објавата на резултатите од изборите, лидерот на француската Социјалистичка Партија, Жан Камбаделис даде изјава, во којашто рече дека ќе ја напушти лидерската функција.
Тој потенцира оти, левичарското движење во Франција треба да направи коренити промени.
Ла Пен за првпат во Националното Собрание
Марин Ла Пен, која ги изгуби претседателските избори во вториот круг наспроти Макрон, за првпат беше избрана за пратеничка во собранието.
Народниот Фронт, заедно со Ла Пен освои вкупно осум пратенички места во парламентот.
Порака од Синдикатите
Меѓу реформите кои ги најави Емануел Макрон, се очекува во следните 5 години да се заштедат 60 милијарди евра, како и да се намали бројот на државните службеници за 120 илјади.
Според тоа што Макрон го доби мнозинството од бројот на пратеници во парламентот, се очекува овие реформи за кратко време да бидат спроведени. Меѓутоа, плановите како што е намалувањето на јавниот сектор, предизвикуваат реакции кај француските синдикати, кои се традиционално силни.
Некои синдикатски лидери, по изборите изјавија дека ќе се борат против плановите на Макрон.
Извор: Би-Би-Си