Според Маркс, трудот е активен однос на човекот кон природата, креаирање на нов подобар свет и преку овие процеси на крај – моделирање на самиот човек. Но, со приватната сопственост и отуѓувањето на трудот кај работничката класа, секогаш се појавуваат низа на негативни последици, преку кои се губи автентичниот карактер на работничката сила.
За Маркс, отуѓувањето во најопшта смисла, значи дека нашите креативни способности се искористуваат на погрешен начин. Во ваков капиталистички систем, креативните способности на работникот се занемаруваат, затоа што работникот кој работи под наем, го продава својот труд не затоа што сака, туку затоа што мора да си ја обезбеди својата егзистенција. И во ваква констелација, човекот се отуѓува и од својата природа и од своите креативни способности.
Во продолжение може да го погледнете видеото во кое се прикажува Марксовиот концепт на отуѓувањето.