СКОПЈЕ, 16.04.2018 – Вчера околу 19 часот, на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, 10 годишно дете беше удрено од возило во движење.
Во Македонија продолжуваат сообраќајните несреќи каде жртви се пешаците.
Детето е хоспитализирано и е вон животна опасност. Меѓутоа ова не е прв случај кој се случува на тоа место. Пред помалку од месец дена на истата улица се случи несреќа каде беше прегазено друго дете.
Жителите на оваа населба протестираа вчера со блокирање на улицата, а ќе продолжат со протести и блокади и денеска. Тие неколкупати до сега побарале од градските власти да бидат поставени светлосни сигнализации и легнати полицајци, меѓутоа досега нема никаква реакција од властите.