АЛБАНИЈА, 05.04.2018 – На фејсбук страницата на „Политичка организација“ (Organizata politike) од Албанија е објавено видео од протестите на работниците во нафтената рафинерија во Балш. Подоцна ситуацијата ескалирала и во градот Фиер и во Тирана.
Работниците протестираат поради петнаесетте неисплатени плати.
Протестирачите ја разбија капијата во Балш и се упатија кон рафинеријата.
Протестите продолжуваат и денеска, а ќе продолжат и понатаму се’ додека не добијат гаранции за рестарт на работата и добивањето на заостанатите плати.
Во Албанија, минатата недела група на граѓани протестираа против воведувањето на наплатните рампи на новиот автопат. Незадоволството на граѓаните во Албанија од ден на ден расте, како што расте и неквалитетот на животот.
Социјалистичката партија, како социјалдемократски профилиран политички субјект, не успеа да го реформира системот и да го подобри социјалниот статус на граѓаните. Аналитичарите во Албанија го обвинуваат премиерот за соработки со олигарсите, со што се занемарува интересот на граѓаните.