СКОПЈЕ, 12.03.2018 – Уставниот суд донесе позитивна одлука по иницијативата на политичката партија Левица, да ги усогласи платите на вицепремиерите со уставните одредби и со тоа да го прекине привилегирањето во нивните плати.
Одредбите кои беа прифатени се дел од член 14 од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката со кои отсега функцијата „потпреседател на влада“ нема да се пресметува со посебен коефициент, туку ќе се израмни со оној на министрите, односно од 4 на 3,7.
„Според нашите пресметки, буџетот на Македонија во 2018 година ќе беше оштетен за 10 000 евра, но кога се прифати нашата инцијатива тие пари ќе останат во буџетот на државата и ќе може да се преименуваат за други цели, изјави Џејлан Велиу“, член на президиумот на Левица.
Опфатени од оваа мерка се Кочо Анѓушев, Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Хазби Лика и Оливер Спасовски, а и сите наредни вицепремиери на Македонија.
Авторка: Сенада Ибраимова