Спас за Валандово: Сардич МЦ објавува лажни информации

Соопштението на инвеститорот Сардич МЦ

Инцијативата „Спас за Валандово“ денес преку својот Фејсбук профил ги отфрли обвинувањата на инвеститорот Сардич МЦ во кој што тврдеа дека активистите од Валандово шират дезинформации околу минирањето што започна неодамна.

„После најголемиот протест на граѓаните од југоистокот некогаш одржан во Валандово, инвеститорот Сардич МЦ панично објавува соопштенија по медиумите со лажни информации за да ја дефокусира јавноста.
1. Тврдењето дека експлозиите биле бесшумни го демантираме со објавеното видео на кое јасно се слушаат силни детонации.
2. Тврдењето дека со минирањето немало никакво загадување исто го отфрламе бидејќи од видеото се гледа облак од прашина што потоа се спушти врз околните населени места.
Ги повикуваме институциите веднаш да испитаат со кое право концесионерот вршеше минирање во 16 часот и 10 минути ако претходно ја известил полицијата дека детонациите ќе бидат од 14 до 16 часот и со тоа ја доведе во прашање безбедноста на сите граѓани, особено оние што живеат непосредно во близината на рударскиот комплекс“ напишаа тие.

Во продолжение може да го видете видеото од првото минирање во рудникот Казандол што го објави „Спас за Валандово“.

Минирање

Вака изгледаше првото минирање на само неколку метри од првите куќи во с. Казандол и с.Брајковци.#СтопЗаРудницитеНаСмртта

Posted by Спас за Валандово – Spas za Valandovo – SOS on Среда, 13 Декември 2017

|2017-12-19T10:23:24+00:0017 декември 2017|Вести, Некатегоризирано|