Вечерва Скопје со позагаден воздух од Пекинг

 

Скопје, 3 Ноември 2017  –  Зимата се’ уште не е дојдена, а скопјани веќе дишат воздух кој може сериозно да им го наруши нивното здравје. Кај скопскиот ректорат индексот на квалитетот на воздухот е 177. Во Центар се движи околу 100, а во Лисиче 147.

 

За разлика од Скопје, Пекинг којшто важи за еден од најзагадените градови во светот се наоѓа во границите на умереното загадување со индекс на квалитетот на воздух од 68.

 

Интересно е тоа што најзагадениот воздух во Скопје е кај ректоратот каде се’ уште се градат барокни згради за коишто се исекоа 70 дрва. Со продолжување на градежната активност во овој дел на градат и недостигот на дрва коишто го прочистуваат загадениот воздух регионот околу универзитетот се избори за првото место во неславната трка за најзагаден дел од градот.

 

Скопјани вечерва загрижено коментираат на социјалните мрежи. Дали локалната и централната власт ќе преземат мерки за да се реши ова горливо прашање? Дали ќе се стави крај на урбаната мафија која неконтролирано гради во градот и уништува зеленило и дрвја? Во трката за заработувачка очигледно страда мнозинството граѓани кои ја плаќаат вистинската цена на оваа градежна експанзија. Повеќе од 1000 скопјани годишно го губат својот живот поради загадениот воздух.

|2017-11-04T17:15:30+00:003 ноември 2017|Актуелно|