Гласен текстилец објави анкетен прашалник за работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија

Текстилните работнички најчесто работат за минимална плата, којашто во нивната индустрија моментално изнесува 12.000 денари. Прашањата од анкетата се однесуваат на тоа, дали им се исплаќа целиот износ

ШТИП, 18. 10. 2017 – На веб страницата на „Гласен текстилец“ вчера беше објавен анкетниот  прашалник за работниците вработени во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Истиот се однесува на новите измени на законот за покачување на минималната платата.

Гласен текстилец како здружение на граѓани од текстилната, кожарската и чевларската индустрија често прави анкети од овој вид. Целта на овие анкети е следењето на имплементацијата на законските одредби поврзани со различните аспекти на работничките права.

Прашалникот можете да го најдете тука.

|2017-10-18T13:18:10+00:0018 октомври 2017|Актуелно, Вести, Економија|