Со голема пофалба од страна на борците за животна средина, Париз во четвртокот најави целосна забрана на автомобили со мотори на внатрешно согорување до 2030 година.
На ова веднаш се огласи Greenpeace:
A BIG step! — Paris is planning to ban all but electric cars by 2030. https://t.co/eMAd771gfo
— Greenpeace USA (@greenpeaceusa) October 12, 2017
Предлогот ќе ги забрза постојните напори за намалување на загадувањето на воздухот во француската престолнина откако претседателот Емануел Макрон вети дека ќе ја забрани продажбата на возила со мотори за согорување до 2040 година.
Според ова правило, во градот ќе бидат дозволени само електрични автомобили. Париз веќе има служба за споделување на електрични автомобили, Autolib, која стана популарна од својот почеток во 2011 година, а беше создадена со цел намалување на емисиите на јаглерод за 20 проценти во текот на наредната деценија.
„Времето едноставно нè гази”, рече Кристоф Наџовски, заменик-градоначалник на Париз, во интервју за радио станицата Франција Инфо. „Ова е дел од долгорочното планирање со стратегија со која ќе се намалат стакленичките гасови. Транспортот е еден од главните производители на стакленички гасови … па планираме напуштање на моторните возила на погон на согорување или возилата со фосилни горива”.
Градоначалничката Ана Хидалго, исто така, во четвртокот изјави дека до 2024 година и дизел возилата ќе бидат забранети во градот. Таа има поставено велосипедски патеки и нови автобуски линии во обид да се намали зависноста на градот од автомобилите.