Хуманитарен антифашистички настан „Стопли срце“ се одржува денес во Скопје

СКОПЈЕ, 11. 10. 2017 – Според принципот донеси облека – земи облека, денес во Нано Бар во Дебар маало по повод антифашистичкиот празник 11 октовмри, се одржува настанот „Стопли срце“. Настанот е од хуманитарен карактер, а во исто време има димензија на социјализација и враќање на жарот на дружбата којшто полека се гасне поради се поголемата отуѓеност во општеството.

Се донираат јакни за деца собрани од неколку здруженија на граѓани, а преку тоа и промовирање на нивната заложба и борба за похумано општество. Настанот ќе го збогатат и учеството на неколку ди-џеи и музичари со акустични инструменти и ќе трае во текот на целиот ден.

|2017-10-11T14:48:44+00:0011 октомври 2017|Актуелно, Вести|